top of page
Ветекс АД е Македонска компанија за производство на предива и конец, основана 1973 година како дел од Тутунскиот комбинат во државна сопственост, Нада Бутникошарева.
Во 1989 година компанијата се реструктуира во Претпријатие за производство на предиво и конец Ветекс.
Март 1991 година компанијата Ветекс се трансформира во акционерско друштво и во мај истата година се дели на две компании – Ветекс АД и Трико АД.
Акциите на Ветекс АД се достапни за тргување на Македонската берза од 2002 година.
Ветекс АД е извозно ориентирана компанија и најголемиот дел од производството е наменето за Германскиот, Австрискиот, Италијанскиот, Данскиот, Холандскиот, Францускиот и Швајцарскиот пазар.
bottom of page