top of page

Проект: „4 Сезони“ - соработка со Фонд за Иновации и технолошки развој

Едукативните кампањи за заштита на животната средина и намалување на употребата на синтетички материјали во текстилната индустрија вродија со промена на свеста кај светското население за предноста и бенефитите од употребата на облека изработена од природни материјали. Климатските промени придонесоа кон зголемување на просечните температури со што се зголемува можноста за употреба на памучна облека и во текот на студените месеци (доцна есен - зима - рана пролет). Така памукот, од традиционално употребуван во топлите периоди (доцна пролет -лето - рана есен), се повеќе станува четири-сезонска суровина. Од друга страна, волната и натаму останува најценета суровина за производство на топла облека.
Меѓутоа, природите суровини се скапи за производство, а имаат недостатоци кои синтетичките суровини совршено ги надоместуваат. И купувачите очекуваат да добијат облека која ќе ги опфати предностите на двата вида суровини. Секојдневно се зголемува бројот на купувачи кои бараат производи кои можат максимално да се искористат и кои полесно и поефикасно би се одржувале со цел продолжување на нивниот животен век и помалку создавање на отпад и загадување на животната средина.


На пазарот се повеќе се побарувани предива и конци создадени со комбинација на памук со акрил и памук со волна, па затоа се појави потребата од предиво за рачна работа од природни материјали кои ќе најдат примена во текот на целата година. Оттаму идејата на ВЕТЕКС АД Велес за имплементација на проектот „4 СЕЗОНИ“ со кој воведуваме производствена линија која ќе овозможи производство на иновативни производи на Македонскиот и Балканскиот пазар. Се работи за предива во кои ќе има соодветни мешавини на памук со акрил и волна.

Во рамки на проектот „4 Сезони“ ВЕТЕКС АД создава два нови типови на предива кои се употребуваат во изработка на ткаенини за изработување на облека:

  • конец и предиво создаден од комбинација на памучни влакна и акрилни влакна

  • конец и предиво создаден од комбинација на памучни влакна и волнени влакна

 

Проектот „4 Сезони“ е проект кој е финансиски поддржан од страна на Фондот за Иновации и технолошки развој на Р. С. Македонија во рамки на Инструментот: Кофинансирани грантови за технолошки развој.

Veteks_Veles_Logo.png
FITR logo.png
bottom of page